ТВ и Филм МАЈКА МАКЕДОНИЈА

„Жими најмило, жими најдраго“: Патриотски филм кој допира до сржта на секој Македонец

Во актерската екипа учествуваат: Владо Дојчиноски, Гоце Тодоровски, Давид Илиќ, Лазар Бараков…

„Жими најмило, жими најдраго“: Патриотски филм кој допира до сржта на секој Македонец

Наскоро македонската ризница ќе биде збогатена со уште едно ремек-дело кое зборува за нашата традиција и историја, играна програма во режија на Владо Дојчиноски во која учество земаа 15 врвни музичари и дури 30 актери.

Имено, станува збор за симфонија меѓу играна и музичка програма, огромен комплексен проект на кој долго време се работеше и каков што досега домашната јавност нема видено. Зад филмот како автори се потпишуваат: Владо Дојчиноски (режија и сценарио), Михаил Јовиќ (продуцент), Зати Продукција (видео реализација), Трајче Соколар (дрон) и Љупчо Павловски (микс и мастеринг).

Во актерската екипа учествуваат: Владо Дојчиноски, Гоце Тодоровски, Давид Илиќ, Лазар Бараков, Ели Клинчаровска – Младеновска, Перо Цаца, Зоран Талевски, Симона Шеќерова, Антонио Талевски, Марко Талевски, Борче Мицевски, Николче Ноцески, Ана Ноцески, Сара Ноцеска, Добри Димевски, Игорче Шојлелевски, Николче Јовановски, Златко Стојановски, Столе Кулевски, Александар Трајковски, Гоце Диневски, Панче Велковски, Ивица Ѓуровски, Теодора Јовиќ, Михаил Јовиќ, Ѓоко Јовиќ, Јоан Јовиќ, Марко Диневски, Петар Диневски, Емилијан Велковски, Изабела Ѓуровска и Константин Ѓуровски.

Играната програма е испреплетена со македонски патриотски песни отпеани од златното грло на Ѓоко Јовиќ, а отсвирени од врвните музичари: Александар Трајковски (кларинет и саксофон), Мишел Трајковски (хармоника), Иван Трајковски (виолина), Ивица Ѓуровски (тапани), Панче Велковски (клавијатура), Гоце Диневски (бас клавијатура), Далибор Ефтимовски (тапани), Гоце Димовски (кавал и зурла), Марче Кисми (гитара), Сара Пројковска (пратечки вокали), Искра Јанкова (пратечки вокали), Анѓела Влинтовска (виолина), Сања Здјелар (виолина), Теодора Јовиќ (пратечки вокали) и Михаил Јовиќ (тапан).

Како помагатели на проектот учествуваат: КЈК Букефал (Битола), Општина Илинден, Миленко Андрески (за античките костуми), ФА „Седенка“ и Роберт Ангеловски (за комитски костими) и Перо Цаца (исто така комитски костими)

To top