Првиот трејлер за претстојната драма „Поротник #2“, за кој се шпекулира дека е последниот филм на Клинт Иствуд во неговата кариера, е објавен на YouTube.
Четирикратниот оскаровец го режираше филмот според сценариото на Џонатан Абрамс.
Пред камерите беа Николас Хулт, Тони Колет, Џеј Кеј Симонс, Кифер Сатерленд, Габриел Басо, Крис Месина, Зои Дач, Седрик Јарброу, Лесли Биб, Ејми Акино и Франческа Иствуд.
Приказната го следи семејниот човек Џастин Кемп (Хулт) кој е повикан да биде поротник за време на судење за убиство и дознава дека најверојатно е вмешан во злосторството.
Кемп една вечер се враќал дома од бар кога налетал на нешто со својот автомобил. Убеден дека удрил елен кој во меѓувреме избегал, се вратил дома.
Но, истата вечер се случило убиство на една жена, за кое е обвинето нејзиното момче Џејмс Сајт (Басо). Нејзиното тело било пронајдено во близина на местото каде што Кемп го удрил еленот. Една година подоцна, Кемп мора да биде како поротник во судењето на Сајт, кој можеби е невин.
Според реакциите на обожавателите кои го гледале трејлерот, „Поротник #2“ можеби е најдобриот филм на Иствуд во последното сеќавање. Последните два филма на кои работеше не постигнаа голем успех на бокс офисот.
„Ова изгледа неверојатно. Иствуд има талент да создава тензии во филм. Ова дефинитивно ќе го гледам“, „Каков трејлер, супер“, „Едвај чекам да гледам“, „Клинт Иствуд има 94 години и сè уште прави добри филмови“, се дел од коментарите на трејлерот.
Драмата Поротник #2 премиерно ќе биде прикажана на 27-ми октомври на Филмскиот фестивал на Американскиот филмски институт (АФИ Фест), а во кината ќе се појави на 1-ви ноември.