Џенифер Гарнер и Ед Хелмс глумат во новата божиќна комедија „Family Switch“. Филмот пристигнува на Нетфликс на 30 ноември, а официјалниот трејлер објавен на Јутјуб има речиси три милиони прегледи.
Приказната е заснована на детската книга „Време за спиење за мама“ (Bedtime for Mommy) од Ејми Круз Розентал, од 2010 година. Се раскажува за семејството Вокер каде што се случува хаос неколку дена пред Божиќ, кога „ретка вселенска појава“ ги заменува душите во телата на родителите и децата – тинејџери, а во куќата има и куче…
Филмот е режиран од Џозеф Мекгинти Никол, попознат како „Мекги“, според сценарио на Адам Штикирлс и Викторија Строус. Во филмот играат и Ема Мајерс, Брејди Ноун, Матијас Швејфер и Рита Морено.