Британскиот глумец Том Холанд, за многумина, можеби, е најпознат како Питер Паркер, односно суперхеројот „Спајдермен“ во серијалот на „Марвел“.
Во интервју за „Емисијата на Рич Рол“, младиот актер проговори за четвртиот дел од оваа приказна и предизвиците за филмот.
-Меѓу важните нешта со „Марвел“, вашиот филм е само мал запчаник во голема машина. Таа машина мора постојано да работи. Мора да бидете сигурни дека вашиот филм може да се вклопи во временската рамка во вистинско време за да придонесете за „поголемата слика“. Тоа е еден од предизвиците со кои се соочуваме, изјави Холанд.
Говорејќи за сценариото за новиот филм, тој смета дека тоа нема да ги разочара обожавателите на „Спајдермен“.
-Имаме креативен концепт, терен за работа и одличен преглед. Потребно е малку дотерување, но писателите вршат одлична работа. Го прочитав пред три недели и навистина ме мотивираше, додаде глумецот.
Како и самиот тој, и Зендеја – колешката од досегашните три филма и негова девојка, со која заедно го прочитале нацртот, вели, „скокале низ собата“ од возбуда. Иако работата на филмот тукушто почнува, „Марвел“ минатата седмица го објави првиот трејлер. (МИА)