ТВ и Филм И Божана сака чоколадо

Синот на Тамара Тодевска дебитира на филмското платно: Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ

Главните улоги ги толкуваат Даниела Ивановска, младиот Александар Стоименовски, кој во изминатиов период гради успешна актерска кариера во Белград, а во улогата на малиот Ивица се појавува Дарен Тодевски, син на популарната македонска пејачка Тамара Тодевска.

Синот на Тамара Тодевска дебитира на филмското платно: Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ

Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ.

-Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко не засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на други, вели Јовановиќ и подвлекува дека е задоволен со реализацијата на овој филм, бидејќи обработува исклучително важна тема, која буквално ја живееме секојдневно, а уметноста е најубавиот начин да се погледнеме во огледало.

ПР на И Божана сака чоколадо

Филмот се снима на локации во центарот на Скопје. Главните улоги ги толкуваат Даниела Ивановска, младиот Александар Стоименовски, кој во изминатиов период гради успешна актерска кариера во Белград, а во улогата на малиот Ивица се појавува Дарен Тодевски, син на популарната македонска пејачка Тамара Тодевска.

Останатиот дел од актерската екипа ја сочинуваат: Петар Мирчевски, Маја Вељковиќ, Гордана Ендровска, Марија Кондовска и Мартин Ѓорговски.

ПР на И Божана сака чоколадо

Кастинг директор е Биљана Драгичевиќ, кинематографер Дарио Секуловски, костимограф Жаклина Крстевска, шминката е на Жанета Димитриевска.

ПР на И Божана сака чоколадо

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

To top