Квентин Тарантино е еден од највлијателните режисери на модерното кино, познат по уникатната комбинација на динамична нарација, привлечни ликови и препознатливиот дијалог кој стана негов заштитен знак.
Тарантино го гледа филмот како жив организам – нешто што мора постојано да се обновува за да преживее.
За разлика од многу негови колеги, неговото филмско образование не се одвиваше во академските кругови, туку во кината и видео продавниците, каде што работеше како тинејџер.
„Филмот што ме натера да размислувам за режијата, кој ми покажа како режисер ја обликува приказната преку камерата и како може да контролира филм, беше „Беше еднаш на дивиот Запад“ (Once Upon a Time in the West), откри Тарантино.
„Бев апсолутно фасциниран и мислев: „Така е направено“, сподели Тарантино. Според него, овој филм го обликувал неговиот визуелен стил и начинот на кој размислува за филмот, оставајќи неизбришливо влијание врз неговата работа.