ТВ и Филм пневмонијата главна причина

Официјално потврдена причината за смртта на Вал Килмер

Во неговата последна филмска улога во „Топ ган: Маверик“ од 2022 година, публиката повторно имаше можност да го види како легендарниот Ајсмен – благодарение на вештачка интелигенција која помогна да му се „врати“ гласот на големото платно.

Официјално потврдена причината за смртта на Вал Килмер

Американскиот актер Вал Килмер почина на 1 април на 65-годишна возраст. Како што потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер, актерот ја изгубил битката со пневмонијата, болест која дополнително го ослабнала неговото веќе нарушено здравје.

Посмртницата, издадена од Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес и добиена од медиумите, открива дека покрај пневмонијата, неговата смрт била предизвикана и од неколку други сериозни здравствени состојби: сквамозен карцином на коренот на јазикот, хипоксемична и хронична респираторна слабост, неухранетост и трахеокутана фистула. Телото на актерот било кремирано на 7 април.

Килмер со години се бореше со рак на грлото, кој му беше дијагностициран во 2015 година. Иако во 2021 година изјави дека е излечен, третманите, вклучувајќи зрачна и хемотерапија, како и две трахеотомии, оставија сериозни последици. Неговите гласни жици беа тешко оштетени, поради што речиси не можеше да зборува.

Во документарниот филм „Вал“, снимен во 2021 година и продуциран од неговите деца, Вал отворено зборуваше за болката и предизвиците: „Не можам да зборувам без да го затнам овој отвор. Мораш да избереш дали ќе дишеш или ќе јадеш“.

To top