ТВ и Филм филм „Местото зад боровите“

Нова улога за Ева Мендез, прва по шест години

– Никогаш не бев доживеала нешто слично. Начинот на којшто (Рајан) работи, неговата посветеност на задачата, како сака сè да направи што е можно подобро – а тоа значи да ги направи своите колеги – што е можно најдобри. За жал – или за среќа, има само еден Рајан, па после тоа речиси престанав да глумам, изјави Мендез.

Нова улога за Ева Мендез, прва по шест години

Американската глумица Ева Мендез во емисијата „Тудеј“ проговори за тоа како се запознала со нејзиниот партнер, глумецот Рајан Гослинг, на снимањето на нивниот филм „Местото зад боровите“ (The Place Beyond the Pines) од 2012 година.

– Никогаш не бев доживеала нешто слично. Начинот на којшто (Рајан) работи, неговата посветеност на задачата, како сака сè да направи што е можно подобро – а тоа значи да ги направи своите колеги – што е можно најдобри. За жал – или за среќа, има само еден Рајан, па после тоа речиси престанав да глумам, изјави Мендез.

Оттогаш, двојката ја држи својата врска подалеку од очите на јавноста, но секогаш имаат поддршка еден кон друг. Поради својата сè уште „неофицијализирана“ врска, Ева ја паузираше кариерата и се насочи на воспитувањето на нивните ќерки Есмералда (9) и Амада (7).

– Тоа беше речиси премолчен договор, нешто како „Во ред, тој ќе оди на работа, а јас ќе работам од дома“… Многу сум среќна што можам да го поминам ова време со моите деца. Инаку, сè уште работам, но едноставно – не глумам, затоа што глумата те вади од дома, појасни таа.

Нејзината последна филмска улога беше онаа во „Изгубената река“ (Lost River) 2014 година. Во меѓувреме, го позајми гласот во цртаната ТВ-серија „Блуи“ (Bluey), а за годинава е најавено продолжението „Блуи и читањето книги“ (Bluey Book Reads). Покрај тоа, Мендез е и модел и креативен директор на брендот за шминка „ЦИРЦА бјути“ (CIRCA Beauty), како и портпаролка на козметичката компанија.

To top