ТВ и Филм

Леонардо ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Ди Каприо и Скорсезе соработувале многу пати.

Леонардо ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Леонардо ди Каприо, наводно, ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува магазинот Variety.

Улогата на Ава Гарднер и припаднала на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.

Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработувале многу пати.

Дуото Скорсезе и Ди Каприо е еден од најдобрите актерско-режисерски парови зад нив се филмовите како Gangs of New York, The Aviator, The Departed, Shutter Island и The Wolf of Wall Street.

Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за десет Оскари.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top