ТВ и Филм тело ремек дело

ФОТО: Тој е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД?! Научниците тврдат дека тој го има НАЈСОВРШЕНОТО ЛИЦЕ на светот

Арон Тејлор-Џонсон е главниот кандидат за улогата на Џејмс Бонд по Даниел Крег.

ФОТО: Тој е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД?! Научниците тврдат дека тој го има НАЈСОВРШЕНОТО ЛИЦЕ на светот

Арон Тејлор-Џонсон е главниот кандидат за улогата на Џејмс Бонд по Даниел Крег.

– Актерот е новото лице на брендот за часовници „Омега“, што ги поттикнува гласините за изборот Еден од најбараните актери во Холивуд во моментов е главен кандидат за наследник на кодниот број 007. Додека шпекулациите за наследникот на Даниел Крег не стивнуваат, Арон Тејлор-Џонсон се појавува сè почесто во контекст на престижната улога на британскиот таен агент Џејмс Бонд. Со оглед на тоа што минатата година беше прогласен за маж со најубаво лице на светот, тој несомнено ќе биде достоен за улога која отсекогаш барала става, впечатлив изглед и голема самодоверба.

Иако други имиња како Тео Џејмс, Хенри Кавил и Том Харди беа во трка за познатата улога на Џејмс Бонд, најновиот потег на Арон Тејлор-Џонсон дополнително ги разгоре гласините. Имено, 34-годишната ѕвезда од филмовите на Марвел стана новото лице на престижниот бренд на часовници „Омега“, кој најпознатиот таен агент во светот го носи уште од филмот „Златно око“ од 1995 година.

На промотивната фотографија, актерот, познат по своите улоги во филмовите „Kick-Ass“ и „Avengers“, е фатен како сериозно гледа во витрини полни со луксузни часовници Omega – детаљ што обожавателите на франшизата го толкуваат како уште еден сигнал дека е избран да го носи пиштолот, оделото и статусот на најпознатиот шпион во светот.

Наводно, понудата е веќе на маса

Британскиот таблоид „The Sun“ претходно ексклузивно откри дека на Тејлор-Џонсон официјално му била понудена улогата минатата година, по тајно пробно снимање за продуцентката Барбара Броколи во познатите студија „Pinewood“. Извор во тоа време изјавил: „Улогата е негова ако одлучи да ја прифати. Официјалната понуда е на маса и се чека неговиот одговор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Kimmel Live (@jimmykimmellive)

Во претходните интервјуа, Арон, за кого научниците велат дека има најсовршено лице на светот, таинствено коментирал за можноста да стане следниот Бонд:
„Шармантно е и прекрасно што луѓето ме гледаат во таа улога. Го сфаќам тоа како голем комплимент“.

Бонд останува Британец – и маж

Иако франшизата беше продадена на „Амазон“ во договор вреден 770 милиони фунти, продуцентите Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон се погрижиле Бонд да остане верен на своите корени. Според договорот, шпионот сè уште ќе биде Британец или од земјите на Комонвелтот и – клучно за многу фанови – сè уште ќе биде маж.
Еден внатрешен извор за Daily Mail открил: „Амазон е посветен на зачувување на духот на Бонд. Тоа значи дека тој мора да биде Британец – или барем од Комонвелтот – и мора да биде маж“.

Се очекува името да биде објавено ова лето

Експертот за франшизи Марк О’Конел, зборувајќи на радиото LBC, рекол дека верува оти јавноста ќе го дознае името на новиот агент до летото. Тој нагласил дека би сакал Бонд да остане Британец и дека, според него, помалку познато име би можело да биде најдобриот избор:
„Хенри Кавил би можел повторно да биде во трката. Исто така, внимавајте на Харис Дикинсон. Но, Арон Тејлор-Џонсон се чини како фаворит“.

Кој беше Џејмс Бонд досега?

Од 1962 година, седум актери го носат познатиот коден број 007:
– Шон Конери – првиот и легендарен Бонд, седум филмови
– Џорџ Лазенби – најмладиот Бонд, играл само еднаш
– Роџер Мур – дури 12 години во улогата, седум филмови
– Тимоти Далтон – две улоги
– Пирс Броснан – четири филма од 1995 до 2002 година.
– Даниел Крег – шестиот Бонд, првиот русокос агент, од 2005 година.

Доколку Арон Тејлор-Џонсон ја прифати понудата, тој ќе стане осмиот актер кој ќе влезе во историјата како Џејмс Бонд.

Брак со 23 години постара жена

Додека името на Арон Тејлор-Џонсон се поврзува сè повеќе со новата улога на Џејмс Бонд, интересот на јавноста за неговиот приватен живот не стивнува – и сè поради неговиот брак со режисерката Сем Тејлор-Џонсон, која е 23 години постара од него, кој привлече внимание од самиот почеток поради големата разлика во годините.

Двојката се запознала во 2009 година на снимањето на филмот „Nowhere Boy“, во кој Арон ја играл улогата на младиот Џон Ленон, додека Сем била режисер на филмот. Во тоа време, тој имал само 18 години, а таа 42.
И’ покрај разликата во години од 23 години, двојката набрзо почнала да се забавува, а се свршиле истата година кога се запознале. Тие се венчале во 2012 година, а потоа двајцата го земале заедничкото презиме Тејлор-Џонсон, што е реткост во светот на славните личности.

Семејството во фокусот

Арон и Сем имаат две ќерки – Вајлда Реј (14) и Роми Хиро (13). Покрај тоа, Арон е очув на нејзините две ќерки од претходниот брак со уметникот Џеј Џоплинг – Анџелика (28) и Џеси (19). Интересно е што Арон е само седум години постар од нејзината ќерка.

Во интервјуа, тој постојано кажуваше колку му значи неговото семејство и колку го цени мирниот семеен живот, далеку од холивудската помпезност.
„Се запознавме во моментот кога знаев дека ја пронајдов личноста со која сакам да го поминам животот. Оттогаш, не сме изгубиле време залудно“, рекол тој во една прилика.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top