Џеки Чен е познат по својата актерска работа во филмовите како „Rush Hour“, „Karate Kid“ и „Enter the Dragon“.
Во текот на неговата долга кариера, тој е познат по својата уникатна комбинација на хумор и впечатливи акциони сцени, кои секогаш ги изведувал сам.
Со повеќе од 150 филмови, тој се смета за еден од највлијателните актери и борци во историјата на кинематографијата. Кариерата ја започнал на петгодишна возраст со помали улоги, а подоцна имал можност да работи со Брус Ли во филмот „Fist of Fury“.
Својата посебна пресвртница во кариерата ја доживеа во 1978 година во филмот „Snake in the Eagle’s Shadow“ каде што имаше можност да ги кореографира своите борбени сцени. Следната година филмот „Drunken Master“ му донесе меѓународен успех и го потврди неговиот статус на пионер на комичното кунг фу.
Иако успеа да изгради исклучително успешна кариера, Чен има неколку неостварени желби да соработува со актерски легенди со кои досега немал можност да соработува.
-Секогаш се надевав дека ќе работам на филмови со луѓе на кои навистина им се восхитувам, како Дастин Хофман и Роберт де Ниро, пред да се повлечам од овој бизнис, рече Чен.
Неговата потенцијална соработка со Хофман и Де Ниро би претставувала спој на различни актерски пристапи и жанрови.