ТВ и Филм Woman in Red

Беше најубавата жена во 1980-те, а потоа се повлече од јавната сцена и 24 години живееше во дивина: Еве како изгледа денес!

„Кога ја носев титулата на најпожелна жена, воопшто не бев свесна за тоа, што е многу иронично. Сега, кога сум многу позрела и збрчкана, се чувствувам попријатно во своја кожа. Среќна сум со себе“, заклучила Кели.

Беше најубавата жена во 1980-те, а потоа се повлече од јавната сцена и 24 години живееше во дивина: Еве како изгледа денес!

Кели Леброк стекна слава како модел, а убавината ја одведе во филмскиот свет, каде што е позната по улогите во Woman in Red и Weird Science. Кели на само 19 години беше на насловната страница на престижниот моден магазин „Вог“. Набрзо потоа ѝ пристигнаа првите понуди за филмски улоги, па започна и кариера на актерка.

Printscreen / Youtube /
Orange Historical Scene

Беше во бурен брак со јунакот од акциони филмови Стивен Сегал од 1987 до 1996 година, со кого доби три деца. Кога стана мајка, децата ѝ станаа приоритет, па ја напушти успешната кариера и потполно се повлече од јавниот живот.

„Одлучив да го напуштам Холивуд за да ги воспитувам децата далеку од камерите и љубопитните погледи. Не сакав да ги гледаат, ниту да ги почувствуваат негативните последици од мојот развод. Така заминав на брдо каде што буквално живеев во дивина без телевизор, цели 24 години“, изјави таа во едно интервју во 2017 година.

Бракот не опстана и покрај големата љубов, а Кели не криеше дека прилично тешко ѝ падна разводот.

Кели денес има 60 години и ретко се појавува на црвениот тепих и на јавни настани.

Меѓутоа, кога ќе се појави, она што присутните прво го забележуваат е нејзиното непрепознатливо лице, подлегнато на бројни естетски зафати и операции.

Printscreen / Youtube /
Orange Historical Scene

Освен тоа, на изгледот ѝ влијаеле и болестите од зависности поради кои актерката можела да го изгуби животот. Паралелно со успехот на филмот Woman in Red, таа станала зависник од тешки дроги, од што подоцна успешно се излечила.

Таа не зборува за естетските зафати, но кога зборува за стареењето вели дека е среќна сама со себе.

„Кога ја носев титулата на најпожелна жена, воопшто не бев свесна за тоа, што е многу иронично. Сега, кога сум многу позрела и збрчкана, се чувствувам попријатно во своја кожа. Среќна сум со себе“, заклучила Кели.

Printscreen / Youtube /
Orange Historical Scene

Естетските корекции значајно ѝ го смениле лицето, така што во еден период беше речиси непрепознатлива.

To top