Познати Шокантна одлука

Зоран Марјановиќ ќе се жени: Планираше свадба зад решетки, а сега тоа ќе го направи на слобода

Венчавката е планирана за пролет следната година.

Зоран Марјановиќ ќе се жени: Планираше свадба зад решетки, а сега тоа ќе го направи на слобода

Зоран Марјановиќ (40) се жени! Сопругот на убиената пејачка Јелена Маријановиќ  ќе прави свадба со својата девојка Зорица Зока Митровиќ (31). Композиторот, кој неодамна беше ослободен од Централниот затвор со одлука на апелациониот суд во Белград, иако прво беше осуден за убиство на сопругата, сега планира свадба.

Додека беше во затвор веќе прашуваше за процедурата за венчавка зад решетки, а сега тоа ќе го прави на слобода.

Венчавката е планирана за пролет следната година.

-Зорица е љубовта на неговиот живот со која сака да даде завет пред Бога и законот. Ако се биде како што замислиле, судбоносното ДА ќе го кажат напролет следната година. Ќе бидат во кругот на пријатели и кумовите, но во строга тајност. Овој пат сакаат да ја задржат интимноста само за себе. Зорица е пресреќна и едвај чека да стане госпоѓа Марјановиќ, вели блиската пријателка на Зоран.

И Митровиќ потврди дека планира да остари покрај Зоран.

-Јас сум со него со срце и душа. Ќе бидам со него засекогаш и многу го сакам. Бев негова поддршка од првиот момент. Ме заболеа невистините во медиумите и решив да ја откријам вистината. Не ми е грижа за луѓето кои се обидуваат да му наштетат и го нарекуваат чудовиште и убиец. Направена е голема неправда кон Зоран. Ќе се борам со сите сили да докажам дека е невин, изјави таа за српските медиуми.

Да потсетиме дека за љубовта меѓу Зоран и Зорица јавноста дозна кога за прв пат беше уапсен на 15 септември 2017 година. И Митровиќ вечерта била во куќата на Марјановиќ во Борча, кога упаднале полицајците.

Најнови вести од Познати

To top