Познати Ужасна несреќа

Жена се бори за живот: Несреќа се случи на концерт на Роби Вилијамс

-Според извештаите, таа сакала да се искачи малку повисоко за да има подобар поглед, а потоа се лизнала, пренесува DailyMail.

Жена се бори за живот: Несреќа се случи на концерт на Роби Вилијамс

70-годишна жена паднала на концерт на Роби Вилијамс и моментално е во кома.

Таа сега се бори за живот откако паднала преку шест реда седишта за време на концерт.

По падот жената во критична состојба била префрлена во болницата „Сент Винсент“ бидејќи при падот се здобила со повреди на главата и лицето.

-Синоќа бевме на стадионот Алијанц. Бевме повикани поради 70-годишна жена која падна, а која имаше сериозни повреди на главата и лицето. Ја однесовме во болница во критична состојба, изјавил портпаролот на Брзата помош.

-Според извештаите, таа сакала да се искачи малку повисоко за да има подобар поглед, а потоа се лизнала, пренесува DailyMail.

To top