Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана, а од него се простуваат многу пријатели и колеги, но и почитувачи на неговиот лик и дело.
Веста за смртта на фронтменот на групата „Рибља чорба“ растажи многумина, а нивното пријателство го опиша Здравко Чолиќ во објава на Инстаграм.
-Бора. Нашиот добар Бора. Голем уметник кој замина прерано. Работевме и се дружевме над 45 години. Првата песна што ја направи за мене беше „Produži dalje„ и се сеќавам дека тоа беше всушност првата песна што ја направи за некој друг освен за неговиот бенд. Што може да се каже за неговите текстови, за неговите песни, уметнички дела. Уметнички дела кои секогаш ќе не потсетуваат на големиот Бора! Ти благодариме за сè! Секогаш ќе бидеш во нашите срца, напиша Чолиќ.