Пејачот Ламбе Алабаковски објави статус во кој порача „Удбашка земјо мила, збогум“, а откако социјалните мрежи беа преполни со објави од концертот на Теа Таировиќ која ја преполни салата каде настапуваше.
Објавата осамна на социјалната мрежа „Фејсбук“, а сега веќе, не е јавно достапна.
„…Само за Теа Таировиќ има леб тука и сличните на неа. Збогум и поздраво до следно видување. Можи ќе се опоравиш и ќе те направиме македонска целосно“, напиша Алабаковски, најавуваќи дека оди на печалба.
Како што веќе кажавме, објавата веќе не е достапна. Последна објава која стои на профилот на Алабаковски е најавата за негов настап за време на прославата за Нова година.