Богдана и Вељко Ражнатовиќ деновиве се во посета на Анастасија и нејзиниот сопруг Немања Гудељ.
Анастасија ги одведе братот и снаата на фудбалскиот натпревар на нејзиниот сопруг, а тие двајца од срце навиваа за Севиља каде што игра Гудељ.
Богдана и Анастасија за оваа пригода се облекоа речиси идентично, а бидејќи и двете имаат слична боја на коса, многумина коментираа дека се како близначки.