Роден е во музичко семејство, како син на познатиот македонски композитор и некогашен продуцент и уредник на редакцијата за народна музика во некогашната Музичко касетна продукција на МРТ, Мате Грујовски.
Тој е еден од ретките македонски естрадни ѕвезди во народната музика со академска диплома. Ќе заврши журналистика и неколку години ќе работи како новинар во информативните редакции на Македонското радио.
Паралелно со тоа ќе биде и музичар и како саксофонист ќе настапува со неколку македонски поп групи, меѓу кои и придружниот бенд на Дарио, Миг 21. Потоа како инструменталист ќе влетаи во фолк водите како член на групата „Мераклии“, кја ќе му го предодреди патот кон ѕвездите, кога заради „виша сила“, во 1993 година на фолк фест „Цветници“ ќе мора да застане зад миокрофонот, а сакофонот покрај вокалите, ќе го замени со кавалче.
Токму оваа комбинација при и изведбата на песната „Туѓино, јабано“ ќе се покаже како добитна. Така влегува во елитното друштво на фолк пејачите, па почнуваат да се редат и неговите хитови и настапите по медиумите, фестивалите, манифестациите, локалите, свадбите, плоштадите…
Во меѓувреме одново ќе го искористи академскиот занает, па ќе се појави како водител на неколку познати фолк шоу емисии како„Плетенка“ на МТВ, „Фолк естрада“ на ТВ Сител и „Везилка“ на Алфа ТВ.
Музиката и понатаму ќе му остане примарна професија иако едно време микрофонот се почесто ќе го менува со фотоапаратот, како ново хоби „со предумисла“.
Следуваат мноштво хитови, настапи и турнеи и надвор од Македонија, кај нашинците преку океанот во САД и Австралија.
Во 2013 година со голем концерт во некогашната „Универзална сала“ ќе го одбележи својот јубилеј – 20 години кариера.
Првиот брак со денес познатата ТВ спикерка и водителка Татјана Стојановска со која го има синот Матеј во 2007 спогодбено ќе биде разведен.
Но, само две госдини подоцна, во 2009 година одново ќе влета во брачните води со втората сопруга 20 и кусур години помладата Ирена. Брак кој и покрај разликата во годините се’ уште одлично функционира, а од него тој го добива и помалиот син, Марко.
Неговиот брат Ташко иако не е така медиумски експониран, исто така е музичар и автор, со кого тој има и заеднички песни.
За детството и растењето во музичко семејство, за свирењето саксофон и кавлчето, за поп и фолк музиката, за естрадата и турнеите, за настапите, случките и догодовштините, за хонорарите и бакшишот, за колешките и гласот на фолк Казанова, за фото пасијата која одненадеж ќе го обземе, за првиот брак и разводот, вториот брак и разликата во годините, за двата сина и нивниот животен пат и смерници, за релацијата на бившата и сегашната сопруга…
Но и за напливот на конкуренцијата од соседството и немоќта нашите естрадни уметници да ја минат северната граница за настапи во бившите ЈУ држави…
И за уште илјада и една работа, помалку или повеќе позната или сосема непозната, во интер ток шоуто „Ништо лично“ „лице в лице“ со Антонио Димитриевски, еден од најпознатите машки естрадни ѕвезди, популарниот македонски фолк пејач Благоја Грујовски.