Додека траат овие летни горештини, водителката Јована Јеремиќ го забавува народот„со своето оригинално водење на утринската ТВ-програма „Ново утро“. Мала по раст, но голема кога ќе изусти нешто. Потоа со денови се прераскажува тоа насекаде, од пазарите, фризерските салони, продавниците до владините министерства, кабинети и естрадата. Чудо едно е што сè нема да ѝ падне на ум на „откачената“ Јована.
Таа е добро позната како личност, која секогаш го кажува она што го мисли и секогаш прикажува голем број од случувањата такви какви што се, без трошка шминка, камуфлажа и прикривање. Затоа многумина не ја поднесуваат.
– Луѓето повеќе сакаат кога им се преправаш, глумиш, кога си лицемерен, а кога им ја кажуваш вистината, која најчесто е болна, тогаш не чиниш. Па, нели, сите сакаме да сме искрени или да сме глумци? Мене не ми требаат лицемери за друштво, сакам отворени луѓе за муабет – вели Јована.
Таа знае како да заинтересира, па пред неколку часа објави едно интересно видео од салон за убавина, каде што им се препушта на волшебните инструменти, кои ја разубавуваат. Не остана без духовит коментар ни во таа ситуација, додека козметичарот ѝ ги вадеше влакната над устата и ѝ ги средуваше веѓите.
– Чувајте се од жени со мустаќи и од мажи што не се влакнести! – напиша Јована во свој оригинален стил.
По ова, стигна реакции, најмногу од нејзиниот роден град Љиг, Србија. Првите соседи проговорија и за училишните денови на водителката, како и за нејзиниот приватен живот.
– Секогаш беше некако посебна, своеглава, можеби тврдоглава, но многу духовита. Кога ја заврши матурата дома, во Љиг, не сакаше да се слика со својата генерација. Многу се вознемири, бидејќи не ја прогласија за ученичка на генерацијата. Затоа направи специјална фотографија, која ја врами како своја матурска слика, со своите име и презиме, каде што пишуваше „ученик на генерацијата“. За да може да ја видат што повеќе сограѓани, ја стави на прозорецот од адвокатска канцеларија во центарот на градот. Тој адвокат се презива Обрадовиќ, а симпатично го викаа Муја Струја.
Водителката има постари брат и сестра, за кои ретко јавно зборува.
– Јована не е сама. Има сестра ѝ не е мажена, таа има околу четириесет години. Сестрата има стан во Белград, дипломираше економија. Јована е поубава од неа, таа е вистински ѓавол. А, Пеѓа, братот на Јована, замина од Љиг уште пред десетина години и повеќе не се врати. Родителите му се налутија поради тоа. Тогаш, поради тоа, се случија семејни проблеми. Престанаа да комуницираат со него. Татко ѝ се вика Мија. Нејзините беа угостители. Го водеа ресторанот „Два брата“ на Ибарската магистрала, но ресторанот беше затворен пред пет години, кога заминаа тие во пензија. Ресторанот, кој некогаш беше во сопственост на семејството Јеремиќ, сега е прилично запуштен, не работи. Родителите на Јована беа вредни луѓе, иако малку чудни. Во Љиг ги викаа „болви“. Не знаеме зошто. Веројатно, имаа некој чуден карактер – велат нивните соседи.
Еден човек близок до семејството открива дека никој не е совршен и дека сите ја сакаат Јована. Ја сакаат таква каква што е, несекојдневна, ама искрена до коска.
– Нејзината мајка секогаш го чува нејзиното дете. Го донесе и го остави кај неа, па замина за Белград, да направи кариера. Инаку, детето Лујка е копирана Јована. Многу ја сакаме. Само ме нервира што понекогаш има лоша проценка за луѓето, па ја искористуваат. Таа ќе им помогне, а тие, кога ќе успеат, ќе ѝ свртат грб. Само затоа ѝ се лутам. А, тоа што е разведена, нема врска. Не е ниту прва ниту последна. Подобро разведена отколку да живурка со некој лудак – вели првиот сосед на семејството Јеремиќ.