Познати

Во друштво на Диди: Џеј Зи осомничен дека силувал 13-годишно девојче

Во друштво на Диди: Џеј Зи осомничен дека силувал 13-годишно девојче

Во обновената тужба поднесена против раперот Шон Диди Комбс се тврди дека тој и Џеј Зи силувале 13-годишно девојче на афтер забава во 2000 година.

Џеј Зи ги отфрли тврдењата: „Овие наводи се толку одвратни по природа што Ве замолувам да поднесете кривична, а не граѓанска тужба!“

Познатиот рапер и музички продуцент Џеј Зи е осомничен дека силувал 13-годишно девојче, наводно заедно со Шон „Диди“ Комбс.

Жената, идентификувана како „Џејн До“, рече дека нападот се случил на афтер-забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV во септември 2000 година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Федералната тужба, која првично беше именувана само за Комбс, беше повторно отворена во неделата во Њујорк за да се додаде Џеј Зи, чие вистинско име е Шон Картер, пишува Euronews.

To top