Американската кантри пејачка Ингрид Андрес се извини и призна дека била пијана додека ја изведувала американската химна на бејзбол стадион во Tексас, САД пренесува Би-би-си.
Нејзината чудна изведба на „The Star-Spangled Banner“ стана вирален хит на социјалните мрежи по дербито во бејзбол лигата.
„Бев пијана синоќа. Денеска одам во болница за да ја добијам потребната помош. Тоа не бев јас синоќа. Се извинувам на МЛБ, на сите фанови и на оваа земја што толку многу ја сакам за тој настап. Ќе ве известам како оди на рехабилитација, слушам дека е навистина забавно“, напишала Андрес, пејачката која е четирикратно номинирана за Греми.
— Ingrid Andress (@IngridAndress) July 16, 2024
На социјалните мрежи нејзината акапела верзија на националната химна беше наречена „болна“ и „една од најлошите изведби на националната химна досега“. На социјалната мрежа „Икс“ кружат и снимки од играчот на Филаделфија Филис, Алек Бом кој се смее додека Андрес пее.
За разлика од бројните негативни коментари на социјалните мрежи, колегите од американската сцена ја поддржаа Ингрид Андрес.
„Многу ми е жал што поминуваш низ ова. Внимавај и ќе излезеш од ова многу посилна“, напиша пејачката и актерка Луси Хејл, а кантри ѕвездата Мартина Мекбрајд ѝ испрати слична порака: „Испраќам многу љубов …’
Пејачката и текстописец Џулија Мајклс напиша: „Те сакам, девојче. Жал ми е што минуваш низ ова. И жал ми е што светот може да биде толку суров“. И пејачката Карли Пирс ја пофали Андрес, изјавувајќи дека е потребна голема сила за да се добие такво признание во медиумите.
Еден нејзин обожавател објави постар клип од Андрес на сцената на концерт со едноставен натпис: „Ова е нејзиниот вистински талент“.
Инаку, во 2010 година, Андрес се појави како акапела пејачка на музичкиот натпревар на НБЦ, а откако воспостави соло кариера, таа беше номинирана за наградата Греми во 2021 година за најдобар нов изведувач. Таа е коавтор на хит песната „Boys“ од Чарли Екс-Си-Екс и „Girl in the Mirror“ од Бебе Реџа.
Country music star Ingrid Andress admits she was drunk as hell last night singing the national anthem at the home run Derby. 😂😂😂 And she’s going to rehab. pic.twitter.com/Y4MF96CWn3
— AeroGant ✭ (@AeroGant) July 16, 2024