Познати НБА Ол-стар викенд

ВИДЕО: Јокиќ изненаден од јакната на Таунс

„Ова е српски мотив“. Изненаден, Таунс возвратил со прашање: „Српски?“. Во тој момент, Јокиќ се свртел кон присутните фотографи и побарал јакната да биде фотографирана, покажувајќи кон везот.

ВИДЕО: Јокиќ изненаден од јакната на Таунс

Во рамки на НБА Ол-стар викендот во Лос Анџелес, покрај натпреварувачкиот дел и спектаклот на теренот, вниманието на јавноста го привлече и еден необичен моден детаљ во соблекувалната. Главниот актер во оваа сцена беше Карл-Ентони Таунс, кој се појави во впечатлива јакна со богат вез со мотивот на Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата.

На турнирот настапија неколку од најголемите ѕвезди на лигата, меѓу кои и Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Стеф Кари, Џејлен Браун и Леброн Џејмс. Сепак, токму реакцијата на Јокиќ на јакната на Таунс стана еден од најсподелуваните моменти од викендот.

Според видеоснимките од соблекувалната, српскиот центар веднаш го забележал мотивот и му се приближил на Таунс со коментар: „Ова е српски мотив“. Изненаден, Таунс возвратил со прашање: „Српски?“. Во тој момент, Јокиќ се свртел кон присутните фотографи и побарал јакната да биде фотографирана, покажувајќи кон везот.

Во непосредна близина бил и Кари, кој се наведнал да го разгледа дизајнот и со доза љубопитност прашал: „Што е српско? Коњот позади?“, алудирајќи на иконографијата на светецот на коњ.

To top