Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски на ТикТок ги покажала резултатите од нејзината последна посета на фризер, велејќи дека ја добила најлошата фризура во нејзиниот живот.
Имено, манекенката на ТикТок ја покажала својата нова фризура и додека со едната рака покривала дел од косата рекла: „Време е за приказна, да, имам филтер бидејќи ја имам најлошата фризура во животот и треба да се чувствувам убаво“.

Иако на почетокот од снимката се чини дека се работи за типична степенеста фризура, Ратајковски потоа открила бушави, испрекинати прамени: „Ох, мислевте дека се шегувам? Имам шишки на задниот дел од главата“.
„Шокантно“, заклучила таа и додала дека донекаде може да ја сокрие својата лоша коса, но дека нема помош за неа доколку дува ветер.
Видеото ги насмеа фановите, кои напишаа бројни смешни коментар под објавата.
„Каква фризура сакаше?“, „Дали ќе го тужиш фризерот?“, „Мислев дека богатите ги немаат овие грижи“ и „Изгледаш како Лијам Галагер“ се дел од коментарите.