На 10 октомври минатата година, на 41-годишна возраст почина Далибор Ѓошиќ, истакнат пејач од прв ред – солист на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“.
Во Националниот ансамбл „Танец“ се вработил во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварил 363 концертни настапи, дома и надвор. а само четврт век, со „Танец“ настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка.
Според статистиката, има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители.
Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.
Покрај успешната кариера со ансамблот „Танец“, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена.