Познати Аргентина

УЖАС: Фудбалерка убиена од сопругот кој потоа се самоубил – хорор пред очите на децата

Пред да си го одземе животот, сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: „Повикајте полицијата, децата се сами“.

УЖАС: Фудбалерка убиена од сопругот кој потоа се самоубил – хорор пред очите на децата

Страшни вести ни пристигнуваат од Аргентина. Имено, фудбалерката Флоренс Гуиназа била прво претепана, па убиена од нејзиниот сопруг кој потоа и самиот си го одзел животот, пишува Спортски.

Ужасниот настан се случил во нивниот дом и тоа додека во куќата биле и нивните деца.

Пред да си го одземе животот, сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: „Повикајте полицијата, децата се сами“.

Децата се на возраст од пет и седум години.

Кога соседот пристигнал во куќата, седумгодишното момче играло на својот Плејстејшн, во нивната соба не можело да се влезе бидејќи била заклучена. Полицијата по пристигнувањето ја скршила вратата.

To top