Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот 51-ви роденден.
Меѓу многубројните честитки, се огласи и нејзиниот зет, сопругот на Анастасија – фудбалерот Немања Гудељ.
Гудељ јавно и се обрати на Цеца и преку Инстаграм испрати емотивна порака.
Со заедничка фотографија на пејачката, Анастасија и него, Гудељ ѝ го честиташе роденденот.
-Среќен роденден моја најмила и најдобра Цеца. Да ни бидеш жива и здрава и да те чува мил Бог и да те благослови во се, напиша тој.