Францускиот актер Жерар Депардје беше приведен во полиција во понеделник наутро, на 29 април, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.
Тој е одведен во полициска станица во Париз каде ќе биде сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.
Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот, а другата во 2021 година на сетот на „Зелените очи“.
Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.