Анѓелина Чонкиќ (25), ќерка на Небојша Чонкиќ, поранешен фронтмен на познатиот новосадски панк бенд „Пекиншка патка“, загина во сообраќајна несреќа во Торонто, Канада.
-Анѓелина во наредните денови ќе биде погребана на Градските гробишта во Нови Сад каде нејзиното тело ќе биде пренесено од Канада, соопшти неутешното семејство.
-Со неподнослива болка ве известуваме дека нашата мила ќерка Нина (Анѓелина) загина во сообраќајна несреќа на 6-ти октомври во Торонто. Сега е меѓу ангелите, како што кажува нејзиното име, пишува во некрологот под кој се потпишале ожалостените, мајката Мирјана, таткото Небојша, братот Момчило, вујкото Борислав и тетката Јелена со децата Милица и Милан.
Небојша Чонкиќ – Чонта е роден во Нови Сад во 1953 година и беше еден од најважните автори и креатори на новиот музички бран во Југославија на почетокот на 1980-тите, како водач на групата „Пекиншка патка“.
По двата објавени албуми кои влегоа во антологијата на српскиот и балканскиот рокенрол, групата престана да работи и Чонкиќ ја продолжи својата академска кариера, работејќи како професор во Електротехничкиот училишен центар во Нови Сад.