Актерот моментално го снима филмот „Невозможна мисија“, а планот е да работи на продолжение на уште еден мегапопуларен проект.
Пред неколку дена социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од актерот Том Круз, кои првично ги загрижија неговите обожаватели. Во нив Круз со неверување трча низ лондонските улици носејќи крвава бела кошула. Сепак, набрзо стана јасно дека се работи за филмски сет и дека актерот го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија“.
Холивудската ѕвезда (61) повторно ќе ја игра улогата на теренски агент Итан Хант во новиот дел кој треба да излезе следната година. Том Круз беше снимен како трча покрај Парламентот во Вестминстер, облечен во искината кошула, која беше облеана во крв.
Премиерата на „Невозможна мисија“ е закажана за 23-ти мај 2025 година, а до тогаш Круз треба да започне со снимање на уште два проекти. Еден од нив е третиот дел од филмот „Топ Ган“, а веста за продолжувањето на популарната франшиза ја потврди и продуцентот на филмот Џери Брукхајмер.
Тој потврди дека ќе се снима продолжение во кое ќе учествува и Круз, кому приказната за новиот филм многу му се допаѓа.
The King of Hollywood, that is, #TomCruise, on the set of the 8th part of the #MissionImpossible franchise tonight in London.
24.03.2024. pic.twitter.com/v9jPV42zxe— Tom Cruise • fan account (@tomcruisse62) March 25, 2024