Познати Обвинителите побарале тој да остане во притвор

Тимоти Басфилд се соочува со ново обвинение за сексуален напад

Басфилд е основач на „Би стрит“, којшто постои од 1986 година, прво под името „Театар за деца“. Натаму се вели и дека Басфилд го молел семејството да не го пријавува инцидентот во полиција, доколку му дозволат да оди на терапија. Според судските документи, Свифт е психотерапевт по професија и во тоа време сметал дека тоа е најдоброто нешто што може да го направи.

Тимоти Басфилд се соочува со ново обвинение за сексуален напад

Американскиот глумец и режисер Тимоти Басфилд се соочува со ново обвинение за сексуален напад. Тужбата се однесува на настан што наводно се случил пред неколку години во Сакраменто, Калифорнија, САД, и вклучена е девојка која во тоа време имала 16 години.

Басфилд (68) ѝ се предаде на полицијата во Албакерки на 13 јануари откако неколку дена претходно беше издаден налог за негово апсење. Истиот ден, тој доби две обвиненија за криминален сексуален контакт со малолетничка и едно обвинение за злоупотреба на дете. Обвинителите побарале тој да остане во притвор до почетокот на судењето.

Барањето за притвор, поднесено на 14 јануари, исто така, наведува нов поднесок од Колин Свифт – таткото на втората наводна жртва.

Според документот, Свифт ѝ кажал на полицијата дека Басфилд сексуално ја нападнал неговата ќерка за време на аудиција во театар.

„За време на аудиција во театарот ‘Би стрит’, 16-годишната девојка тврдела дека Басфилд ја бакнувал, ги ставил рацете во нејзините панталони и ги допрел нејзините интимни делови“, се наведува во обвинението.

Басфилд е основач на „Би стрит“, којшто постои од 1986 година, прво под името „Театар за деца“. Натаму се вели и дека Басфилд го молел семејството да не го пријавува инцидентот во полиција, доколку му дозволат да оди на терапија. Според судските документи, Свифт е психотерапевт по професија и во тоа време сметал дека тоа е најдоброто нешто што може да го направи.

Покрај ова обвинение, Басфилд е обвинет и за незаконско сексуално однесување со две момчиња – 11-годишни близнаци, чиј идентитет не е јавно објавен. Според налогот за апсење издаден на 9 јануари, родителите на момчињата рекле дека нивните синови го запознале Басфилд на снимањето на серијата „Чистачката“ на „Фокс“, каде што Басфилд работел како режисер.

Најнови вести од Познати

To top