На денешен ден 5 септември 1946 година е роден познатиот музичар кој ја освои планетата со своето одлично пеење, харизма и хитови.
Фреди Меркјури е роден во денешна Танзанија во семејство Парси кои припаѓале на зороастризмот, детството го поминал во Индија, а потоа се преселил во Англија во 1964 година. Интерес за музиката покажал уште од мали нозе, но дури кога ги запознал Брајан Меј и Роџер Тејлор, идни членови на групата „Квин“, започнала неговата вистинска музичка кариера.
Групата Квин е формирана во 1970 година и набрзо стана една од најпознатите рок групи во светот. Фреди беше главен пејач и автор на многу хитови. Неговиот вокален опсег и способност да комбинира различни музички стилови го направија единствен во музичкиот свет.
Со групата „Квин“ сними 18 албуми, а во голем дел од хитовите што ги отпеа се ужива и денес. Собирал поштенски марки, бил љубител на мачки и сакал да се забавува.
Иако беше исклучително отворен и експресивен на сцената, Фреди беше порезервиран приватно и ретко зборуваше за својот личен живот. Тој беше познат по својот хедонистички начин на живот, но секогаш успеваше да го задржи фокусот на музиката.
Овој љубител на убавите времиња, се пишуваше и, во една прилика пристигнал со принцезата Дијана да излезе на забава. Маскирани, до доцна во ноќта непречено оделе по клубовите – Лејди Ди беше шармирана со нарачка на пијалоци од барот, како и остатокот од светот.
Својата најголема тајна и ја доверил на Мери Остин, жената што ја сакал до гробот
За жал, музичарот починал од бронхитис предизвикан од СИДА. Само 24 часа пред смртта тој објави дека е ХИВ позитивен.
Меркјури почина поради компликации предизвикани од ХИВ вирусот на 24 ноември 1991 година на 45-годишна возраст, а единствената личност која знае каде е неговата пепел е неговата поранешна свршеница Мери Остин, на која и оставил куќа во лондонски Кенсингтон.
Мери беше неговата „сопруга“, љубовта на неговите помлади денови. И покрај сите мажи со кои спиел, тој никогаш не престанал да ја сака. Таа беше негова свршеница додека тој не најде сила прво да и каже дека е геј.
По шест години од нивната врска во кои тој ја запросил, а потоа објавил дека е геј, почнал да ги менува партнерите и да живее злобен живот, но неговата љубов кон Мери никогаш не престанала.
Таа вели дека еднаш и рекол дека сите љубовници го прашуваат зошто не можат да го заземат нејзиното место, а тој им одговарал „затоа што никој не може да го заземе нејзиното место“.
“Единствената пријателка што ја имам е Мери. Не ми треба никој друг”, рекол Фреди.
Таа изјавила дека никогаш не го изневерила Фреди додека бил жив.
„И сега нема да го изневерам“, рекла Мери.
Кога Фреди почина, таа западнала во криза и набрзо се соочила со голема љубомора, бидејќи токму неа Фреди и го остави целиот свој имот.
Тајната на гробот на Фреди
Фреди не сакаше никој да знае каде е неговата урна со пепелта, за да не му биде осквернавен гробот. Имено, тој се плашел дека поради неговата сексуална ориентација неговиот споменик ќе биде цел на напади од неистомисленици.
Во тестаментот напишал дека Остин треба да се грижи за пепелта и никогаш да не открива што се случило со урната, односно каде се наоѓа. И покрај големиот притисок, Мери ја исполни оваа задача.
Мери ја оправда довербата на Фреди и до ден денес не им ја откри таа тајна на неговите родители, ниту на неговиот животен сопатник Џими Хатон.
Нивната љубов беше вистинска – не му послужи само како покритие за да ја скрие својата сексуалност. Тој и остави на Мери половина од своето богатство и замок од 25 милиони фунти во Кенсингтон.
Неговот студио останало исто како кога бил жив: содржи клавир на кој напишал некои од неговите најголеми хитови, меѓу кои и „Боемска рапсодија“.
“Каде и да се свртам сè ме потсетува на него. Слушам посебна песна и ме обземаат емоциите. Дваесет години живеевме под ист покрив”, рекла Мери и додала дека Фреди бил многу смешен, а дека бил сериозен само кога тој работел на песни.
Откако филмот за животот на еден од најдобрите пејачи на сите времиња, Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“ ја виде светлината на денот, јавноста повторно се заинтересира да открие која е единствената жена со која бил фронтменот на „Квин“, а која знае каде е урната со неговата пепел.