Во јавноста започна да кружи приказна дека Мелина Џиновиќ веќе половина година е во врска со ново момче кое е постаро од неа две години.
Една сосетка која живее во близина на вилата на пејачот на Сењак изјавила за српските медиуми дека Мелина има ново момче веќе подолго време и дека самата се фалела со него.
„Целиот град знаеше дека таа има момче. Таа и тоа самата го зборуваше, ен го криеше. Сите во теретаната каде тренираше знаеја. Тој човек дури ја носеше на тренинзи. Мислам дека тоа таа намерно го зборуваше за да дознае Харис. Овде ја имам видено двапати, но тој човек не. Велат дека е некој бизнисмен и дека е полн како брод“, вели сосетката.
Таа се осврнала и на изјавата на Харис дека Мелина го сменила мислењето и однесувањето откако започнала да се дружи со жени со низок морал и матно минато.
-Ја познавам таа жена со кого одеше на патувања. Знам дека Харис неа ја обвинува и ја обвинува Мелина што се дружела со неа. Мелина започна да излегува со различни луѓе за да излезе од домот откако пораснаа децата, таа до неодамна беше целосно затворена и им се посветуваше на децата за да ги порасне на прав пат, вели изворот за српските медиуми.