Актерот Сергеј Трифуновиќ е депортиран од Хрватска, по што со сопругата Исидора се вратил во Белград.
Како што напиша хрватскиот портал „Слободна Далмација“, Трифуновиќ бил протеран од Република Хрватска на три месеци. Оваа санкција не важи за цела ЕУ, туку само за Хрватска. Сега се огласи и на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Актерот на Инстаграм објави фотографија од сопругата Исидора и нивното куче како уживаат на заеднички одмор. Многумина коментираат дека со оваа фотографија кажал повеќе од 1000 зборови. Пораката која ја испрати е дека немилиот настан е зад него и сега му се посвети на семејството.
Да потсетиме, актерот доби казна од шеесет дена затвор, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото кривично дело.