Познати врти нова страница во животот

Снуп Дог објави дека се откажува од пушењето марихуана, фановите се разочарани: Светот дефинитивно пропадна

Неговата одлука ги изненади следбениците бидејќи во текот на кариерата отворено зборуваше за својата љубов кон марихуаната, а некои дури беа тажни што Снуп ја донел оваа одлука.

Снуп Дог објави дека се откажува од пушењето марихуана, фановите се разочарани: Светот дефинитивно пропадна

Популарниот рапер Снуп Дог на својот Инстаграм објави дека се откажува од пушењето марихуана.

„По долго размислување и дискусија со моето семејство, решив да се откажам од пушењето. Ве молам почитувајте ја мојата приватност во овој момент“, напиша 52-годишниот музичар во објавата на Инстаграм.

Неговата одлука ги изненади следбениците бидејќи во текот на кариерата отворено зборуваше за својата љубов кон марихуаната, а некои дури беа тажни што Снуп ја донел оваа одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

„Не мислев дека ќе го доживеам овој ден“, „Кога Снуп ќе се откаже од цигарите ќе заврши светот“, беа некои коментари на разочараните обожаватели, додека други коментираа дека раперот сигурно се шегува.

Имаше и такви кои сметаат дека раперот донел добра одлука.

„Разбирате дека Снуп има 52 години и има момент во животот кога сакате да го промените животот на подобро заради семејството“, е коментарот кој собра над 13.000 лајкови.

Минатата година се појавија гласини дека славниот рапер пушел меѓу 75 и 100 џоинти дневно, но Снуп тоа го негираше, велејќи дека пуши околу девет.

Инаку, раперот живее во Калифорнија, каде рекреативното консумирање марихуана е легално.

Најнови вести од Познати

To top