Американскиот рагбист О Џеј Симпсон почина во средата на 76 години, од рак на простатата. Но, овие два дена тој факт поминува речиси незабележано и „во тишина“, коментираат американските медиуми.
Обично, кога ќе почине некој од соодветната „куќа на славните“, тоа предизвикува излив на изјави, пишани објави, сеќавања од неговите тимови, соиграчите, навивачите итн. Меѓу ретките организации што му оддадоа скромна почит на некогаш светски познатиот „О-Џеј“ беа „Трофејот Хејсман траст“ и Куќата на славните на американското рагби.
„Хејсман“ објави кратка изјава на „X“, изразувајќи жалење за смртта на Симпсон и сочувство до неговото семејство. Потоа објавија и краток осврт на неговите фудбалски достигнувања.
По успешната кариера во НФЛ и во услови на успешна куса кариера како глумец, Симпсон беше на суд и беше прогласен невин за убиствата на неговата поранешна сопруга Никол Браун и нејзиниот пријател Рон Голдман, и покрај тоа што јавноста беше убедена во неговата вина. Симпсон го избегна затворот тогаш, но на крајот е осуден и во 2008 година отиде в затвор за вооружен грабеж и киднапирање. Во 2021 година е предвремено ослободен од издржувањето казна. (МИА)