Рокерот и член на жирито на Звезда Гранда, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа кај Куманово во која животот го загуби една жена.
На Инстаграм профилот 192_rs објавено е видео од верижниот судир во кој учествувал рокерот на кој се гледаат полицајци како вршат истрага, а автомобилите се целосно уништени поради густата магла и дожд дошло до сообраќајка во која учествувале три автомобили меѓу кои и автомобилот на Ѓорѓе Давид.
View this post on Instagram
Несреќата се случила во близина на границата во Куманово, а Ѓорѓе бил само учесник во верижната несреќа, повредена е неговата рака.
View this post on Instagram
„Бев сам во колата. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот е наводно девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка која исто така била повредена“, вели во првата изјава Ѓорѓе Давид.
View this post on Instagram
„Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не носам никаква вина“ – истакна Ѓорѓе.