Пејачот Слоба Радановиќ на Инстаграм објави дека повеќе не соработува со момците од бендот кои го следат со години.
Тој не ја објасни причината за прекинот на соработката, но им посака многу среќа во понатамошната работа.
„Ви благодарам за деновите, годините и километрите патување и непроспиените ноќи, настапите, смеата… Знаете дека ви посакувам се што си посакувам за себе“ напиша Слоба.
-Се надевам дека другите ќе ве ценат и почитуваат како јас, а верувам дека ќе ве ценат затоа што сте врвни музичари. Жал ми е што си заминувате, но секој си го избира својот пат и што е најдобро за него… Беше убаво, истакна Радановиќ.