Гитаристот на „Ганс ен’ розис“, Сол Хадсон – „Слеш“ е еден од најуспешните рок-музичари досега. Во кариерата има заработено повеќе од 110 милиони долари и сѐ уште активно настапува со својата група. Но, прашан „ако треба да избере само еден бенд чија музика ќе ја понесе со себе на пуст остров“, вели – тоа би биле „Ролинг стоунс“.
-Дефинитивно ми ја одбележаа младоста, но и денес ништо не е сменето во таа смисла, бидејќи често ги слушам. „Стоунс“ се на мојот список омилена музика на сите времиња, додава Слеш во гостувањето во радиоемисијата на поранешниот член на „Секс пистолс“, Стив Џонс.
„Ганс ен’ розис“ им биле предгрупа на „Ролинг стоунс“ во 1989 година, но како што тврди Слеш, нема ниту една заедничка фотографија од тој настан.
Своевремено, „Ганси“ беа и „на тапет“ на гитаристот и текстописец на „Стоунс“ – Кит Ричардс, кој коментираше дека помладиот американски хеви-метал состав „обрнувале премногу внимание на изгледот и имиџот“, за негов вкус. Се чини, до денес, тоа не го променило мислењето на Слеш за Британците. (МИА)