Хрватската пејачка Мартина Врбос призна дека на почетокот на кариерата работела во стриптиз клуб.
-Се сеќавам кога на 18 години заминав за Њујорк, не ни помислував каде ќе одам или што ќе правам. Тогаш работев во стриптиз клуб, но само со градите имав настап, имав своја поента. Гледав како да заработам, како да снимам албум, а во исто време го завршував и Економскиот факултет, рече Мартина.
Сега медиумите дознааа уште една интересна информација за пејачката.
Мартина е родена на 29 февруари 1984 година во Риека. Така, пејачката е родена во престапна година, бидејќи месец февруари има 29 дена секоја четврта година.
Мартина вели дека е исклучително чувствителна личност на која и треба многу малку за да биде среќна и дека не сака завист, неправда и лицемерие. Кога е тажна, се чини дека ја расположуваат пеењето и пријателскиот разговор.