Познати Обвиненија

СКАНДАЛ: Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

Маријус Борг Хејби, син на Мете-Марит од претходна врска, живеел со кралското семејство, но сега живее самостојно. До евентуалниот почеток на судењето ќе остане на слобода. 

СКАНДАЛ: Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

Најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, Маријус Борг Хејби (28), е обвинет за силување, сексуален напад и нанесување телесни повреди.

Обвинителството во Осло објави дека Хејби е опфатен со повеќе точки на обвинение по неколкумесечна истрага што вклучува двоцифрен број наводни жртви. Доказите вклучуваат СМС-пораки, сведочења и материјали прибрани при претреси.

Хејби се соочува со обвиненија за едно силување со сексуален однос, две без, четири сексуални напади и две телесни повреди. Неговиот адвокат соопшти дека тој ги сфаќа обвиненијата сериозно, но ги негира најголемиот дел од нив.

Кралската палата засега не излезе со официјален коментар.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Маријус Борг Хејби, син на Мете-Марит од претходна врска, живеел со кралското семејство, но сега живее самостојно. До евентуалниот почеток на судењето ќе остане на слобода.  (МИА)

Најнови вести од Познати

To top