Љубовта помеѓу Брена и Боба Живојиновиќ е добро позната низ цела поранешна Југославија, но пред познатата пејачка, поранешната тенисерка беше во брак со Зорица, која му го роди синот Филип Живојиновиќ.
По Боба, Зорица се омажи за кошаркарот Иво Накиќ со кој ги доби синот Марио и ќерката Ива со кои Филип е многу близок.
Зорица Накиќ денеска има добра причина за славење.
Нејзиниот син Марио го слави својот 24 роденден, а по тој повод Зорица објави фотографија со синот под која му го честитала прекрасниот ден.
„Среќен роденден љубов, мајка ти те сака најмногу на светот“ – напишала Зорица.
Освен убавината, за која главен „виновник“ е неговата мајка, Марио Накиќ од својот татко наследил и талент за кошарка, во која е многу успешен. Играше за „Партизан“, „Реал Мадрид“ и „Игокеи“.
Несомнено е дека Марио го очекува блескава кариера, а дали ќе биде поголем заводник од својот брат останува да видиме.