Пејачот Ненад Кнежевиќ – Кнез се гордее со своите две ќерки. Едната е славна пејачка, а за другата малку се знае.
Ксенија е во јавноста со години, а Андреа ретко ја гледаме.
Од тоа што може да се забележи на социјалните мрежи е дека таа е многу привлечна и има необични стајлинзи.
-Секогаш ги поддржував во се. Се разбира, тие можат да бидат малку непослушни, како и сите деца, но се и многу одговорни. Она што го барам од нив е секогаш да ми се јавуваат, каде и да се и со кого и да се. Што и да е… Само да ми кажат: „Тука сме. Добро ни е“. Дополнително, имаат обврски кои мора да ги завршат, така се воспитувани. И ги поддржувам во се што прават. Следат некој од нивните инстинкти и ако можам на кој било начин да им помогнам, тука сум, рече еднаш Кнез.