Познати драмата нема крај

СИНОТ ЈА БЛОКИРАЛ И НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ – поранешната сопруга на Шумахер поминува низ пекол откако отворила „OnlyFans“ и се слика гола (ФОТО)

Давид Шумахер на крајот на октомври го прослави својот 22 роденден и го поминал со својот татко и сегашната девојка и воопшто не сакал да слушне за својата мајка.

СИНОТ ЈА БЛОКИРАЛ И НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ – поранешната сопруга на Шумахер поминува низ пекол откако отворила „OnlyFans“ и се слика гола (ФОТО)

Кора Шумахер, поранешната сопруга на легендарниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, минува низ вистински пекол, како што самата признала. Таа навела дека секоја жена треба да ја разбере поради ситуацијата во која се наоѓа.

Пред неколку месеци, Шумахер привлече огромно внимание кон себе со активирање на профилот на платформата за возрасни OnlyFans, каде за кратко време почна да заработува огромни пари.

Сепак, последните неколку недели беа прилично очајни за оваа 46-годишна жена. Таа за германски „Билд“ проговорила за се, а причината е односот на нејзиниот поранешен сопруг и нивниот заеднички син кон неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cora Schumacher (@coraschumacher)

Давид Шумахер на крајот на октомври го прослави својот 22 роденден и го поминал со својот татко и сегашната девојка и воопшто не сакал да слушне за својата мајка.

Давид и јас не разговараме во моментов. Тој повторно ме блокираше секаде. Ова е многу болно за мене. Тоа е мое дете и мислам дека секоја жена која е во таква ситуација може да ме разбере. Помина повеќе од една година откако можев да го видам и да разговарам со него. Минатата година ми дозволија еднаш да дојдам на неговата трка. Сè уште многу боли што моето момче толку се оддалечи од мене по разводот. Не знам зошто, рече Кора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cora Schumacher (@coraschumacher)

Би сакала да му кажам колку сум горда на него и дека го сакам со целото мое срце. Тој е мојот син, моето единствено дете. Секогаш ќе бидам тука за него. Не е важно кога. Тој секогаш може да ми се јави, додава таа.

Кора и Ралф Шумахер се разведоа и оттогаш нивниот однос е доста комплициран бидејќи Давид постепено се оддалечува од мајка си и се зближува со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cora Schumacher (@coraschumacher)

Сега кога е блиску до шестата деценија од животот, таа заработува продавајќи разголени фотографии од своето тело. Секој што сака да пристапи до нејзиниот профил мора да плати 29 долари.

„Некои луѓе се лути на вас затоа што не страдате онака како што тие очекуваат. Господ нека продолжи да ги разочарува“, напиша пред неколку месеци Кора Шумахер и додаде:

„Мојот профил ќе има смисла, но дефинитивно ќе остане естетски. Го сакам своето тело и зошто да не можам да го споделам тоа со другите? Имам 46 години и се чувствувам многу добро во своја кожа. Зошто да не можам да споделам една или две топлес фотографии со јавноста?“

To top