Познатата водителка Опра Винфри денес се смета за една од највлијателните жени во светот, но нејзиниот пат до врвот бил сè друго освен лесен.
Таа е родена во сиромаштија, а нејзиното детство било обележано со насилство кое многумина би скршило засекогаш.
Била силувана за првпат кога имала само девет години, а злоупотребата продолжила со години. Траумата што ја претрпела оставила длабоки последици.
На 14 години, таа забременила, како резултат на силување. Во очај, се обидела да ја прекине бременоста пиејќи детергент, а зборовите на нејзиниот татко ѝ одекнувале во главата, изјавила водителката во едно од интервјуата.
– Ми рече дека повеќе би сакал да ја види својата ќерка како плови во реката Камберленд отколку да го срами семејството раѓајќи вонбрачно дете. Додека ми го кажуваше тоа, видов дека единствениот излез е самоубиство – искрено рече Опра.
Детето што го родила починало набргу потоа, а Опра донесела одлука дека никогаш нема да има деца.
И покрај сè, таа не се откажала. Почнала да работи во локалната телевизија, а потоа нејзиното ток-шоу стана глобален феномен.
Опра беше првата црна жена што стана милијардерка. Нејзиното богатство, кое го стекна преку нејзината телевизиска продукција, книги, списанија и други проекти, се проценува на милијарди долари.
Повеќе од две децении, Опра разговараше со најмоќните луѓе во светот, кршеше табуа и покажуваше дека никој не е недопирлив.
За време на кариера од повеќе од 30 години, беше домаќин на светски познати актери, музичари, колеги новинари, политичари…
Водителката стана и модна икона и често ги красеше насловните страници на списанијата, препознаена по нејзината способност да балансира софистицираност и прифатливост.