„Временската капсула“ што ја закопала принцезата Дијана во болницата Great Ormond Street во 1991 година е отворена, откривајќи ЦД со Кајли Миног, калкулатор на сончева енергија и пасош.
Дрвената кутија обложена со олово беше запечатена за да го означи поставувањето на камен-темелникот за зградата на болничкиот клуб „Variety Club“, која беше отворен во 1994 година.
Предметите во капсулата требаше да го претставуваат животот во 1990-тите. Други предмети вклучуваа телевизор со џебен формат и фотографија од принцезата Дијана.
„Временската капсула“ требаше да биде ископана за неколку стотици години, но сега е ископана за да се направи место за детски центар за рак.
Принцезата Дијана ја посети болницата неколку пати пред нејзината смрт. Таа, исто така, им помогна на неколку деца да изберат предмети што ќе бидат поставени во временската капсула. ЦД на Кајли Миног, „Rhythm of Love“, беше еден од предметите што ги избрал тогаш 11-годишниот Дејвид Вотсон. Девојчето Силвија Фолкс избра колекција британски монети и сад со пет семки од дрвја, пишува Би-Би-Си.
Princess Diana’s time capsule dug up at hospital revealing nineties relics inside https://t.co/SVEmvawLRJ pic.twitter.com/P4krMNxu7b
— The Independent (@Independent) August 27, 2025
Во кутијата имало и копија од весникот „Times“ со датумот на закопување на капсулата. Фотографиите објавени од архиварите, исто така, покажуваат одредена штета на предметот, која не е голема.
Закопувањето на временската капсула било слично на церемонијата од 1872 година, за време на која тогашната принцеза Александра го поставила камен-темелникот на болницата покрај временската капсула.
Нејзината временска капсула содржела фотографија од кралицата Викторија.