Шенон Доерти конечно доживува олеснување во услови на исцрпувачка битка со ракот во четвртата фаза. Открила дека се случило чудо откако ризикувала.
На новото издание на нејзиниот подкаст „Да бидеме јасни“, актерката рече дека нејзиниот онколог, д-р Амин Мирхади, ја ставил на нова инфузија за лекување на нејзиниот рак, но кога не забележале разлика по четири третмани, нејзиниот медицински тим сакал да проба нешто друго – иако инсистирал да продолжи со сегашната терапија.
Како што се утврдило, телото на актерката станало приемчиво за оваа терапија по шестиот и седмиот третман.
Таа објаснува дека лекот ја разградува крвно-мозочната бариера, што може да ги спречи лековите за хемотерапија да стигнат и да ги уништат туморските клетки во мозокот. Во случајот на Шенон, лековите за рак сега можат да навлезат во клетките на туморот преку ослабена бариера.
Шенон продолжува со лекувањето, изјавувајќи дека верува дека „Бог ги видел нејзините напори и интервенирал“.
За потсетување, на Шенон првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а по 2 години хемотерапија, таа беше во ремисија. За жал, нејзиниот рак се врати во 2020 година и се прошири на мозокот минатата година.