Познати За разделбата од првата сопруга, среќниот брак со втората, трите дечиња, нивното воспитување…

Шеф Никола Мишковски од „Брза кујна“ во „Ништо лично“

За почетоците и изборот на професијата, за типовите на кујна и нивните комбинации, за спарувањето на храната и вината и кои вина одат најдобро со македонската традиционална кујна, што е поголем грев: добра храна со лошо вино или обратно, за тоа кој се подобри во кујната – мажите или жените, дали во храната треба да се ужива или поважно е да јадеш за добро да се најадеш, кој рецепт му е омилен, а кое јадење никогаш не би го ставил на своето готвачко мени…

Шеф Никола Мишковски од „Брза кујна“ во „Ништо лично“

Тој е еден од најпознатите македонски готвачи. Шеф кој со својата работа остава препознатлив белег на домашната гастрономска сцена. Низ годините, ќе изгради репутација на професионалец посветен на квалитетот, дисциплината и постојаното унапредување на кулинарската уметност.

Кариерата ја започнал во угостителството од рана возраст, каде чекор по чекор го усовршувал занаетот, работејќи во различни ресторани и кујни. Со текот на времето се профилирал како шеф кој успешно ги спојува традиционалните македонски вкусови со современи техники и модерна презентација. Во своето готвење,  става посебен акцент на употребата на свежи и локални состојки, почитувајќи ја автентичноста на македонската кујна, но и следејќи ги светските гастрономски трендови.

Неговиот пристап се темели на прецизност, креативност и тимска работа, вредности кои ги пренесува и на колегите со кои соработува. Покрај работата во кујна, последниве години е присутен и во јавноста преку најглледаното ТВ кулинарско шоу „Брза кујна“ како готвач кој ја промовира гастрономијата како професија, потенцирајќи дека успехот доаѓа преку посветеност, постојано учење и љубов кон готвењето.

Иако е јавна личност во својата професија, приватниот живот го чува далеку од медиумското внимание, оставајќи делата и резултатите од неговата работа да зборуваат за него.

За почетоците и изборот на професијата, за типовите на кујна и нивните комбинации, за спарувањето на храната и вината и кои вина одат најдобро со македонската традиционална кујна, што е поголем грев: добра храна со лошо вино или обратно, за тоа кој се подобри во кујната – мажите или жените, дали во храната треба да се ужива или поважно е да јадеш за добро да се најадеш, кој рецепт му е омилен, а кое јадење никогаш не би го ставил на своето готвачко мени…

Но и за куп нешта што зад камерите на готвачкото ТВ шоу „Брза кујна“ кое го прослави пред пошироката јавност, за тоа колку ми годат пофалбите, а како се справува со критиките, дали славата одмага во0 кујната, за односот и релациите со досегашните колеги шефови  и водителките во ТВ шоуто и дали егото е најголемиот проблем меѓу шефовите…?

Како и за приватниот живот,чудесната физичка трансформација, за спортските пасии, бордањето, моторите…

За разделбата од првата сопруга, среќниот брак со втората, трите дечиња, нивното воспитување…

Кој е шеф во семејството и дали и дома готви или таму е „ослободен од шпоретот“, дали планира или посакува некое од децата да го наследи, кој е неговиот следен професионален сон и предизвик, што би им препорачал на младите што сакаат да станат готвачи…?

И за уште многу други повеќе или помалки, но и сосема непознати работи за него лично, за „Брза кујна“ и неговата професија воопшто,  со  Шеф Никола Мишковски од „Брза кујна“ лице в лице во најновото издание на поткастот „Ништо лично“ , вашиот домаќин Антонио Димитриевски.

Премиерата оди вечерва, среда, 28 јануари 2026-та, со по0четок во 20.00 часот ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

Најнови вести од Познати

To top