Пејачката Северина во саботата тајно отпатувала за Белград каде била дел од прославата на 50-от роденден на еден популарен српски бизнисмен, пренесуваат регионалните медиуми.
Дека не сакала да се знае за нејзиното доаѓање во Србија говори и фактот што не објавила никаква фотографија или пост тој ден од својот настап, иако е многу активна на социјалните мрежи.
Во еден од најлуксузните ресторани во Белград пристигнала расположена во придружба на својот бенд и направила забава за помнење за која била платена доста „солено“.
Таа на сцената се појавила во црн краток проѕирен фустан кој го искомбинирала со златни сандали, додека косата и била сосема нормална и без фризура.
Инаку за потсетување Северина кога и да се појави во Белград сака да биде забележана од сите, а последен пат кога била во Белград била забележана на настап на Индира Радиќ.