Познати Заврши естрадната војна

Сер Елтон Џон и Мадона ги „закопале секирите“ и ставиjа крај на повеќедецениска битка

„Сè повеќе сум вознемирен од сите поделби во нашиот свет во моментов“, коментира Елтонна нејзината објава.

Сер Елтон Џон и Мадона ги „закопале секирите“ и ставиjа крај на повеќедецениска битка

Елтон (78) постојано ја обвинуваше Мадона дека му ги уништува песните, додека кралицата на попот тврдеше дека не е вистина дека таа само на концертите „отвора уста“. Мадона на својот Инстаграм профил објави дека таа и Сер Елтон Џон ги „закопале секирите“ и ставиле крај на нивната повеќедецениска битка.

Помирувањето се случи неодамна – за време на снимањето на емисијата „SNL“. Првата работа што ја кажа беше „прости ми“, а ѕидот меѓу нас падна“, пишува Мадона (66) на Инстаграм.

Пејачката рече дека му се восхитува на Елтон уште од тинејџерските години. „Гледајќи го како настапува кога бев во средно училиште го промени мојот живот“, се вели во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Со децении ја болеше сознанието дека некој на кој толку многу му се восхитува може јавно да ја критикува.

„Секој што само ќе ја отвори устата јавно на сцената, кога ќе платите 75 фунти за да ги видите, треба да биде застрелан“, рече Елтон.

Од тимот на Мадона демантираа дека таа не пеела во живо. Мадона сугерираше дека помирувањето може да доведе до музичко партнерство.

„Ми рече дека напишал песна за мене и дека сака да соработуваме“, открила кралицата на попот. Сер Елтон и се заблагодари на Мадона што „нему и на неговата голема уста им простила“. Пејачот додаде дека не се гордее со тоа што го зборувал низ годините.

„Сè повеќе сум вознемирен од сите поделби во нашиот свет во моментов“, коментира тој на нејзината објава.

To top