По смртта на францускиот актер Ален Делон, јавноста беше заинтересирана дали ќе се исполни неговата последна желба да биде погребан заедно со омиленото куче, белгискиот овчар Лубо.
Сепак, семејството на актерот реши да се спротивстави на оваа желба, откако активистите за правата на животните го изразија своето противење.
Активистите се спротивставија на можноста за еутаназија и закопување на здравото куче на Делон, посочувајќи дека има друго решение за судбината на миленикот. Нивниот глас беше силен и се понудија да му помогнат на семејството да најде нов дом за кучето.
Фондацијата Брижит Бардо соопшти дека ќерката на Делон, Анушка, потврдила дека семејството ќе го чува кучето, истакнувајќи дека Лубо е дел од нивното семејство и нема да биде успиено. Оваа одлука ја поддржаа јавноста и активистите за правата на животните.
Како што вчера објави порталот BFMTV, погребот ќе се изврши во капелата која што тој самиот ја одредил за оваа пригода и со присуство на неговите 35 кучиња.